Роден во Клермон-Феранд на 8 Јули 1820, починал во Париз во 1874. Луи Деведо се третира како еден од најпознатите Француски ориенталисти од 19тиот век. Студирал сликарство на Ликовната Школа во Париз во класата на Пол Делароше и Александер Дескамс. Во 1838ма учествува во престижната Награда на Рим, и започнува со изложување.  Во следните неколку години неговата слава расте и изложува со главните Европски градови. Една од неговите слики станува дел од колекцијата на Наполеон 3ти. Денес, неговите слики можат да се најдат во уметничките колекции на музејот d’Orsau во Париз, Сенат музејот во Париз, Клермон-Ферранд музејот во Париз, Њујорк Метрополитан музејот, Расмунсен музејот во Копенхаген, Хермитраж во Сен Петерсбург, итн.

Луи Деведо поминал значително време во Отоманското Царство, сликајќи романтични сцени од дневниот живот. Го посетил Солунскиот регион  неколку пати, и едно капитално дело поврзано со Македонскиот регион од тоа време е сликата насловена “Станица на доброволци, близу Солун, Турција„ продадена од аукциската куќа  Gros-Delettrez Париз (Франција) на 3ти декември 1999 ( објект број 141) за 16 000 евра.

Станица за доброволци близу Солун, Турција, масло на платно
Станица за доброволци близу Солун, Турција, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не