Роден во Париз, студирал со Кормон, Деланс, Е.Ренард и Њалтнер. Изложува во Салонот на Француските Сликари во 1903 и во Националното Друштво на Ликовна Уметност во 1915та. Назначен како официјален воен сликар за времето на Првата Светска Војна. После војната, стекнува репутација на првокласен сликар на портрети на видни луѓе а исто е и директор на академијата Делеклуз во Монтпарнаис каде што Американките и останатите жени студирале сликарство на почетокот на 20тиот век.
Делеклуз претстојува во Македонија во периодот помеѓу 1916-1918, каде што продуцира голем број на акварели и цртежи од пејсажи и сцени од Солун. Лерин, Кајмачкалан, Џорма, итн. Делеклуз е инспириран од дневниот живот и етничките групи од Егејска Македонија. Голем број од овие цртежи се продадени од аукциската куќа “De Maigret” во Париз на 24-11-2005.