Роден во Индија во 1875, починал во Солун, Македонија 1917. Студира сликарство на Slade  школото помеѓу 1893-9, исто така и во Париз и Рим. Работи како учител на универзитетот во Ливерпул помеѓу 1905-8, основач на  Sandon Studios  во Ливерпул.

Чоун ја посетува Македонија за времето на Големата Војна, како капетан во 9тиот Источен Ланкс реџимент. Умира во Македонија како последица од здобиените рани на Солунскиот фронт на 2ри Мај 1917. Чоун изработува серија на акварели и цртежи, сликајќи фо Солун и воени сцени од  Македонскиот Фронт. Во есента 1917та, овие дела , меѓу кои и  акварелот “Поглед од рововите, Солун се изложени во меморијалната изложба во негова чест во Ликовниот Клуб на Нова Англија. Де од неговите Македонски дела, на пример акварелите “Ровови„ и “Солунски Фронт„ се продадени од аукциската куќа  Sotheby’s во Лондон на 26-03-2003.

Акварелот „Дојранско Езеро“ е во сопственост на авторот на оваа кига и е купен од аукциската куќа Доминик Винтер. Глочестершир, Велика Британија, на 16ти Јули 2014, ( објект 287)

Дојранско Езеро 1917, акварел
Дојранско Езеро 1917, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не