Син на сликарот и графичарот Морис Бутет ду Монвел и ученик на Лук-Оливер Месон и Жан Дампт. Започнува со изложување во Француските ликовни салону уште од 1902. На почетокот од кариерата, продуцира повеќе од 20 колор бакрописи претставувајќи ги Базак-овите Лавови, како и елегантни фигури и сцени од Парискиот монденски свет. Исто така слика полуларни теми (Питачи и Уличари) како и пејсажи. Учествува во Салонот на Здружението на Графичари од 1904 до 1911, како и после војната од 1920тата па натаму. Од 1912татат, работи во весникот Gazette du Bon Ton. Работел и како илустратор во познатите модни магазини Vogue и Harper’s Bazaar. Исто е и познат како еден од најзначаните Француски илустратори на детски книги. Неговата популарност доживова кулминација околу 1909тата година, воглагно поради неговите иновации со чисти линии и бледи бои.
Бернард Бутет ду Монвел го посетува Солунскиот регион заедно со неговите пријател Пол Жуве во 1915тата година. Неговите цртежи и акварели од тој период се наоѓаат во колекцијата на Историскиот Центар на Солун (Kentro Historias Thessalonikis) во Грција, заедно со уште околу 200 различни цртежи и акварели од разни Француски сликари кои што ја посетиле Македонија за времето на Првата Светска Војна ( на пример, Пол Жуве, Фрасоа Салва, Роже Ира, Луи Су, идр.)