Франц Борн е германски сликар роден во 1881 година во Франкфурт. Татко му, Франц Јакоб Борн, бил скулптор и ја направил познатата фонтана во Визбаден. Студирал сликарство во Минхен во 1904/5 кај професорот Фриц Хаусман, а потоа во Берлин кај познатиот Луис Коринт. Се сели во областа Шваленберг (Schwalenberg) и е припадник на таа сликарска школа. За време на Првата светска војна е испратен како војник во Македонија каде што се разболува од маларија и умира во 1917 година. Закопан е на германските гробишта во Битола , споменик кој за жал е заборавен од македонската јавност.

Извор на информации:

http://malerkolonie-schwalenberg.de/personen/franz_born

Franz Born 1881 1917 German
Franz Born 1881 1917 German
Franz Born 1881 1917 German
Franz Born 1881 1917 German

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не