Роден во Орехово, Бугарија 1913. Учествивал во нациолниот натпревар, од каде добива пет-годишна стипендија за студии на Бугарската Национална Ликовна Академија, од каде што дипломира со највисоки почести. По дипломирањето, работи во Софија како сликар на портрети во дипломатските кругови. Мобилизиран во Бугарската армија за време на Втората Светска Војна, каде што работи како воен сликар. По војната, Бугарија станува Руски сателит и Блажев е обврзан да слика безбројни портрети на Сталин, Маркс и Енгелс. Емигрира во Македонија во 1948.
Во Македонија, Блажев и останатите уметници кои емигрирале од Сталиновиот режм уживаат релативна слобода во својата работа, се до моментот на сударот помеѓу Тито и Хрушчов, кој што го приморува на ново емигрирање во 1954тата година. Овојпат со својата пет-годучна ќерка Ангелка, Блажев заминува за Италија каде што во следните пет години живее во кампот за избеглици во Трст. Никола и Ангелка конечно пристигнуваат во Њујорк во 1959тата година.
Во следните 6 години, Блажев постигнува успех. Во 1965тата отвара галерија и студио во Рокпорт, Масачусец. Во 1974тата патува за Парис. Неговите слики се во голем број на уметнички галерии во САД, на пример The Huber Gallery, Мајами, The Caravel Gallery и Mayfair Gallery , Њујорк, итн.