Роден на 1ви Јуни 1886 во Славонски Брод, починал на 24ти Мај 1954 во Загреб. Бечиќ е познат како еден он најдобрите Хрватски сликари од т.н. Минхенска школа. Студирал ликовна уметност во Минхен во 1905 и Париз (Academie de la Grande Chaumiere). Во 1923 станува професор по ликовна уметност на ликовната академија во Загреб.
За време на Големата Војна, Бечиќ е воен сликар за Францускиот магазин “L’Illustration”. Живеел во Битола од 1913тата каде што работал како учител по сликарство. Подоцна, се приклучува во Српската војска во 1914та година, и со неа се повлекува низ Албанија кон Крф во 1915. Од Крф, оди во Париз и набрзо се враќа во Македонскиот фронт, каде што работи како воен дописник и илустратор. Илустрира воени сцени од Солун, Кајмакчалан, Скопје, етн.