Роден во Авињон, починал во Анжерс. Француски скулптор и дизајнер, претставник на Францускиот  Belle Epoque  стил. Бајол е еден од најпознатите дизајндери на карусел вртелешки. За време на Големата Војна бил во Солун, каде што изработува цртежи и акварели. Аукциската куќа  Neret-Mignet & Tessier  во Париз, го продала цртежот “Џамија во Солун 1917„ на 15ти Октомври 2003 ( објект број 7), како и акварелот “Солун 1919„ во 2006 та година. Два акварела: Девојки од Полог, Македонија 1917 и Девојка од Солун 1917 се во сопственост на авторот на овој лексикон.

Македонски Девојки, Полог и Солун 1917, акварели
Македонски Девојки, Полог и Солун 1917, акварели
Македонски Девојки, Полог и Солун 1917, акварели
Македонски Девојки, Полог и Солун 1917, акварели

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не