Уметник и дизајнер од правецот Баухаус. Роден во Haag am Hausruck , Австрија, починал во Montecito, Калифорнија, САД. Познат е како творец на прочуениот Санс-Сериф скрипт. Неговите дела можат да се најдат во најпознатите светски музеи, како на пример (Гугенхајм музејот во Њујорк, Музејот на Модерна Уметност (MOMA) во Њујорк, итн…).
Херберт Бауер ја посетува Македонија во 1934тата година, патувајќи од Скопје кон Егејска Македонија, каде што прави серија на цртежи и фотографии.