Српски кројач, антрополог и илустратор, роден во Осјек, починал во Белград. . Како самоук сликар патувал скоро две декади низ Хрватска, Босна, Црна Гора, Македонија и Србија , сликајќи народни носии. Во 1868ма пробал да основа уметничко & занаетчиска школа во Зрењанин, Рума и Ирига. Во 1873та, ја нуди својата голема колекција на нацртани народни носии на богати луѓе во Виена, Загреб и Белград. Колекцијата е најпосле купена во 1879та од страна на Министерството за образование на Србија и депонирана во Народниот Музеј во Белград, кој што објавува повеќе книги со овие цртежи: Албум на народни носии, Атлас на орнаменти и Техноматски компендиум, кои што можат да се најдат денес во Етнолошкиот музеј во Белград. Неговите цртежи на народни носии, набрзо стануваат барани од Европските брагороднички колекционери и денес можат да се најдат во повеќе Европски музеи.
Акварел со Македонски народни носии, направен за времето на неговиот престој во Македонија околу 1860тата година, е дел на колекцијата на музејот Викторија & Алберт, во Лондон.