Швајцарски сликар, патеписец, музичар и музички и ликовен теоретичар. Роден е во Оллон на 24-07-1891 и починал во Олон на 10-08-1958. Одкако живеел 15 години во Париз, Франција, поаѓа на подолго патување помеѓу 1929 и 1932, патувајќи низ Италија, Југославија, Грција, Кикладите, Турција, Сирија, Ирак, Персија, пристигнувајќи дури до Бомбај, Индија. Патувал во специјално за него направен патувачки камион, произведен од Рено. За време на неговите патувања, слика голем број масла на платна и акварели кои ги претставувале локалните пејсажи, луѓе и обичаи. Голем дел од овие дела се публиковани го неговата книга која била објавена во 1934та година. Денес, дел од неговите слики се наоѓаат во Кантонскиот Музеј на Ликовни Уметности и во Историскиот Музеј во Лозана.
Марсел Амигет поминува низ Македонија во 1929та година. Неколку примери на слику кои Амигет ги црта во Македонија се:
Комбинирана техника насловена:” Сцена од Македонски пазар со селани пред џамија 1929”, продадена од аукциската куќа Dobiachofsky Auktionen AG од Берн, Швајцарија на 12-Нов-2010 ( објект број 613) за 1300 ЦХФ ( информација од artprice.com)
Масло на платно под наслов Пазар во Ушкуб 1929 , кое во моментов е на прожба од галеријата Моинат, Швајцарија (https://www.moinat.ch/en/paintings/15557-table-ueskub-signed-m-amiguet-1929.html)