Weitz Helmuth
Роден на 5 јануари 1918 година во Дизелдорф, починал во 1966 година во Менхенгладбах. Сликар и графичар од Дизелдорската нео-импрессионистичка школа. Сликал најчесто пејзажи и фигури. Се школувал на академијата во Дизелдорф и бил студент на Хаусер, Киедерих и Јунганес. Неговиот стил на сликање е под влијание на импресионизмот и класичниот модернизам. Вајтс ја посетил […]
Wagner Georg
Роден во 1875, работел во Берлин како сликар, графички дизајнер и илустратор на книги. За време на Првата Светска Војна бил воен сликар во Македонија и Франција. Неговата книга “Мојот Воен Дневник 1914-1918„ кој содржел колекција на 81 оригинални акварели, цртежи со мастило и цртежи со молив од Македонија и Франција (Дојран, Монастир, Бурлон, Тун, […]
Walker Adelaide Mary
Мери Аделаид Вокер била британска патничка. Нејзиниот брат бил британски свештеник во Истанбул за време на 1850-тите. Веројатно таа пристигнала во Истанбул веднаш по војната на Крим, околу 1856 година и останала на Исток приближно четириесет години. Додека била во османлиската престолнина, таа се запознала со Лејди Хорнби, позната по нејзината хроника „Константинопол за време […]
Weight Carel
Роден во Падингтон, Лондон во 1908. Студирал на Ликовното Училиште во Хамерсмит, Ликовното Училиште во Падингтон и работел како офоцијален воен сликар за време на Втората Светска Војна пред да работи како учител во Кралскиот Ликовен Колеџ во 1950тите години. Бил награден во 1962 и е носител на почесен докторат од Универзитетот во Единбург во […]
Wellershaus Paul
Роден на 20.05.1878 во Радеформвалд, починал на 23.03.1976 во Радеформвалд, Германија. Го започнал своето ликовно образование во приватното училиште на П.П. Бернхард во Бармен помеѓу 1902-1905.Кратко време работел како дизајнер на мостри во фирма за тапети. Од 1907 до 1911 студирал уметност на часовите кај професорите Лудвиг Фаренкрог и Густав Витхучтер. Го продолжува образованието на […]
Wessel Rudolph
Германски импресионист, за жал во литературата не можат да се најдат биографски податоци, на постојата записи од аукциски продажби од овој сликар на artprice.com и други специјализирани аукционерски интернет страници. Рудолф Весел ја посетил Македонија за време на Првата Светска Војна, најверојатно како војник во Германската армија. Еден гваж на панел насловен како “Струмитза 1917„ […]
Whymper Edward
Роден на 27.04.1840 во Лондон, починал на 16.09.1911 во Франција, Едвард Вајмпер бил Англиски илустратор, планинар и светски истражувач. Најмногу е познат по неговото прво искачување на врвот Матерхорн во 1865, кога четири членови на неговата експедиција загинале, кога експедицијата се симнувала наназад. Инцидентот станал легендарен пораду контраверзноста околу скинатото јаже помеѓу четирите жртви и […]
Wood Thomas William
Роден во 1877 во Ипсвич, Софок, починал на 02.06.1958. Познат претежно како сликар на пејсажи и цветни композиции. Го добил формалното ликовно образование во Политехничкото Школо на Реџент Стрит и во Италија. Во 1900, на 23 годишна возраст ги изложувал своето прво дело на Кралската Академија под насловен Летна Жега. Во периодит 1900-1947 изложил повеќе […]
Woodville Caton Richard
Роден во 07.01.1856 во Лондон, починал на 17.08.1927 во Лондон. Ричард Кејтон Вудвил се смета за еден од најпознатите војни сликари од доцниот 19ти и раниот 20ти век. Бил син на Американски сликар со исто име кој што се преселил во Лондон во 1852. Студирал во Дизелдорф по водство на големите Прусиски воени сликари Вилхелм […]
Wright. S
Невозможно е да се идентифицира овој сликар. Постои стар аукционерски запис од аукциската куќа Moore Allen &Innocent, од Велика Британија за (објект брон 341) два акватела потпиѓани “С. Врајт„ и насловени “Македонски селани , Ушкуб„, “Грчки комита , Парнасус 1917„. Овата потпичани и датирани 1921. Авторот бил најверојатно Британски војник во Македонија за време на […]