Bauer Gotthard

Прилеп 1917, акварел

Роден на 21ви Јули 1887 во Шауфлинг, починал на 26ти Јуни 1976 во Минхен. Готард Бауер е сликар од Јужно-Германската провинција Баварија. Студирал на Ликовната Академија во Минхен во класата на проф. Халм, Карл вон Мар Вилхелм Сајтз и Бекер Гундал. Во времето на Големата Војна 1914-1918, бил воен сликар во Белгиската област Фландрија  и […]

Batterman Wilhelm

Турски Ан, Скопје

Роден во Елзе 1872, починал во Хамбург 1964та година. Учел сликатрство во школата на Хајнрих Книр (1862-1944) во Минхен а потоа на Ликовната Академија во Берлин. Професор во школото за применети уметности во Алтона и ко-креатор на уметнишкиот клуб на Алтона. Споменат во неколку лексикони: Волмер, Румп, Дер Хеу Румп, итн. Батерман бил најверојатно воен […]

Steps. F

Ф.Степс

Неидентификуван , под претпоставка, Германски воен сликар кој што насликал серија гваж и цртежи со молив од Скопје, Велес и други Македонски градови во 1916та година, кои се во колекција на авторот на овој лексикон.

Wunderwald Gustav

Македонски Пејсаж 1919, масло на платно

Роден во Келн во 1882, починал во Берлин во 1945. Ја започнал својата кариера како сликарски асистент на Келнскиот мајстор сликар Вилхелм Кун. Работел како сценски уметник во периодот 1899-1900 во Берлинските студија за сценско цртање во  Гота и Шарлотеберг, како и во други Европски театри, како на пример Кралската Опера во Стокхолм и градскиот […]

Aich Richard

Скопје (Ушкуб), пазар 1918, масло на платно

Роден во Гаислинген, починал во Улм, стодиран на Ликовната Академија во Минхен и Штутгарт. Бил Германски воен сликар за време на Првата Светска Војна. Својата војна кампања, ја започнува како доброволец во артиљериската дивизија во Италија, а во 1916 пристигнува во Македонија во склоп на Баварската пионерска компанија. Тука добива наредба од Германската команда на […]