Dietze Richard Ernst

Јавач крај Скопскиот виадукт, масло на панел

Роден во Обермеиса крај Минхен 1880, починал во Траунштајн 1961. Студент на Л. Поле, Ц. Банзер и Г. Куел од Дрезденската Ликовна Академија. Студирал сликарство во Берлин, Париз и Минхен. Ужива репутација на исклучително важен претставник на Дрезденската импресионистичка школа. Бил професор по сликарство на академијата во Малсал во периодот помеѓу 1935-45. За жал, голем […]

Clarenbach Max

Роден на 19ти Мај 1880 во Ноис, починал на 9ти Јули 1952 во Витлер. Како ислучително талентиран сликар, Кларенбах е приметен на 13 годишна возраст оф Германскиот сликар Ахенбах, и е примен во Ликовната Академија во Дизелдорф.  во Индија во 1875, починал во Солун, Македонија 1917. Студира сликарство на класите на Хеинрих Лаунштаин, Артур Кампф […]

Lesser Rudi

Rudi Lesser (1901 – 1988) Скопје, литографија

Роден и починат во Берлин, Руди Лесер бил Германски експресионист воглавно активен со акварелна и графичка техника. Бил студент на проф. Ханс Меид. Во 1933, емигрирал во Скадинавските земји (Данска и Шведска) за да избега од нацистичкиот режим. Од 1946 до 1956 живее во САД каде што работи како професор на универзитетот Ховард во Вашингтон […]

Lűschwitz–Koreffski Arnold

Албански комита Солун 1902 - акварел

Роден во Берлин во 1869, починал во Берлин околу 1930, Арнолд Лушвиц –Корефски бил Германско-Полски сликар и илустратор кој патувал по Балканот и Ориентот на самиот почеток на 20тиот век. Најверојатно бил воен сликар за време на Првата Светска Војна, бидејќи изработил голем број на акварели и цртежи на Германски војници и офицери. Ја посетува […]

Macke Helmuth

Helmuth Macke (1891 – 1936) Македонски пејсаж крај Дојранското езеро 1918, акварел

Роден во Крефелд на 27.01.1891, починал во Хеменхофен на Бодензе на 08.09.1936. Бил роднина на познатиот сликар Аугуст Маке. Студирал сликарство со Холандскиот сликар Јан Торн-Прикер (1868-1932) на Крефелдската Школа за Применета Уметност. Во 1910/11 стапува во контакт со влијателната Германска прогресивна ликовна група “Плавиот Јавач„ а во 1912та година стапува во контакт со уште […]

Marc Franc

Франс Марк е еден он најпопуларните Германски експресионисти. Роден е на 08.02.1880 во Минхен, починал на 04.03.1916 во Бракуис на Францускиот фронт. Студирал на Минхенската Ликовна Академија во 1900тата, одкако ги напуштил студиите по теологија и филозофија. Во 1903та патува за Париз неколку пати, каде што за прв пат стапува во допир со делата на […]

Markau Franz

Franz Markau (1881 –1961) Ушкуп (Скопје) Мала џамија 1919, маслена темпера на платно

Роден на 01.11.1881 во Берлин, починал на 25.01.1968 во Вејмар. Бил Германски сликар и скулптор. Студиите ги започнал во 1896тата на Ракотворното училиште во Берлин, а подоцна и на Државното Ликовно Училиште помеѓу 1901 и 1903, и на крај на Кралската Ликовна Академија во Берлин, во класата на професор Бруно Паул и Макс Кох. Неговите […]

Ehrenwerth Berthold

Berthold Ehrenwerth (1886-1944), Бугарски питачи, Ушкуб 1927 масло на панел според скица

Роден во 1886 во Берлин, каде што работи и живее. Бил ученик на Кал Купинг на Ликовната Академија во Берлин. Добитник е на престижната академскатга Награда на Рим. Бертолд Ехренверт бил Германски евреин и е убиен од нацистите некаде помеѓу 1940 и 1945. Бертолд Ехренверт ја посетува Македонија (Скопска околина) во 1920тите години. Една негова […]

Diemer Zeno Michael

Заливот на Кавала 1915,

Роден во Минхен на 8 Фебруари 1867 , починал во Оберамергау на 28 Фебруари 1939. Познат Германски воен сликар кој е познат по неговите импресивни воени сцени. Студирал на Ликовната Академија во Минхен заедно со Габриел Хакл и Алексанер фон Лизен-Мејер. Михаел Цено Димен е познат по неговите воздушни панорамски сцени, како на пример сликата […]

Birkenfeld Werner

Цртежи од Македонија- Скопје и Прилеп 1918

Германскиот медицински персонал бил со германската војска во Првата светска војна во Македонија и во Сталинград, Русија во Втората светска војна. Направете цртежи од Македонија кои се во албум во колекцијата на авторот на овој лексикон.