Роден во 07.01.1856 во Лондон, починал на 17.08.1927 во Лондон. Ричард Кејтон Вудвил се смета за еден од најпознатите војни сликари од доцниот 19ти и раниот 20ти век. Бил син на Американски сликар со исто име кој што се преселил во Лондон во 1852. Студирал во Дизелдорф по водство на големите Прусиски воени сликари Вилхелм Кампхуизен и Едуард фор Гебхарт и во Париз под водство на Жером. Работел скоро цел живот за The Illustrated London News и известувал од Руско-Рурската војна од 1878, Египетската кампања 1882 и Првата Бурска Војна. Изложувал во Кралската Академија во 1879. Го придружувал Војводата од Кларенс на неговат а Индиска тура 1889-90 и бил најмен од Кралицата Викторија. Автор на книгата “Случајни Реминисценции„ од 1913. За време на својот живот, уживал голема слава и репутација на најдобат мајстор во својот жанр. Денес неговите слики се наоѓаат во колекциите на Националниот Музеј на Британската Армија, Галериите Тејт и Волкер како и во Кралската Ликовна Академија.
Ричард Кејтон Вудвил ја посетил Македонија во турбулентниот период 1902-1903 каде што известувал за настаните околу Илинденското востание. Неговите ликовни дела ја илустрирале Македонската борба за независност и маките на Македонските луѓе во овие тешки години. Голем број на репродукции од неговите уметнички дела можат да се најдат во изданијата на The Illustrated News од 1902,1903 и 1904.