Роден во 1877 во Ипсвич, Софок, починал на 02.06.1958. Познат претежно како сликар на пејсажи и цветни композиции. Го добил формалното ликовно образование во Политехничкото Школо на Реџент Стрит и во Италија. Во 1900, на 23 годишна возраст ги изложувал своето прво дело на Кралската Академија под насловен Летна Жега. Во периодит 1900-1947 изложил повеќе од 55 дела на Кралската Академија.
Во 1918, Вуд бил назначен за официјален Британски воен сликар на Балканскиот фронт стациониран во Македонија. Ги сликал битките на Солунскиот и Дојранскиот фронт. Неколку од неговите слики од Македонскиот период се наоѓаат во Империјалниот Воен Музеј во Лондон.
Вуд живеел скоро целиот живот во Лондон, и изложувал често. Неговите дела биле екстремно популарни за време на неговиот живот. Бил избран за асоцијативен член на Кралското Акварелно Друштво во 1913 и полноправен член во 1918. Поради неговото воено искуство, А.Ј. Ман го најмува Вуд да ја илустрира книгата “Солунскиот Фронт„. Бил под-претседател на Кралското Акварелно Друштво помеѓу 1923-26, и станал член на Кралскиот Институт за Сликари со Маслена Техника во 1927. Неговите дела денес се наоѓаат во Империјаниот Воен Музеј во Лондон, Музејот Викторија и Алберт и музеите во Хул, Лидс, Макчестер и Перт.