Роден во Падингтон, Лондон во 1908. Студирал на Ликовното Училиште во Хамерсмит, Ликовното Училиште во Падингтон и работел како офоцијален воен сликар за време на Втората Светска Војна пред да работи како учител во Кралскиот Ликовен Колеџ во 1950тите години. Бил награден во 1962 и е носител на почесен докторат од Универзитетот во Единбург во 1982. Починал во 1997.

Карел Виктор Морлејс Веигт ја посетил Егејска Македонија во 1946 кога сликал сцени од Британското пристигнување во Грција кон крајот на војната. Насликал неколку значајни слики од пристигнувањето на Британските трупи во Кожани, Егејска Македонија во 1946. Ови слики денес се во колекцијата на Империјалниот Воен Музеј во Лондон, Велика Британија.

Пристигнувањето на Британските Трупи во Кожани, масло на платно 1946
Пристигнувањето на Британските Трупи во Кожани, масло на платно 1946

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не