Бета Вукановиќ (1872-1972), Србинка/Германка

Родена на 18.04.1872 во Бамберг, Германија како Бабет Бахмејер, почината на 31.10.1972 во Белград. Бета Вукановиќ се смета за еден он најважните Српски  импресионисти на отворен простор. Го започнува своето ликовно образование во 1890 во приватната ликовна школа на Карл Мар и Антон Ажбе во Минхен. Таму го сретнува својот иден сопруг и инспирација Риста Вукановиќ. Се селат заедно во Белград каде што во 1899та година ја менаџираат првата Српска сликарска школа. Бета Вукановиќ цртала на отворено и нејзините дела носат јарка и светла импресионистичка палета. Кога импресионизмот ја загубил својата снага, Вукановиш се свртува кон реализмот. Изложувала во Рим (1902), Минхен , Париз (1900), итн.

Бета Вукановиќ ја посетува Македонија за време на Првата Светска Војна, кога патувала заедно со Српската војска кон солунскиот фронт. За жал, скоро сите нејзини цртежи и акварели од Солунскиот фронт се уништени или загубени. После војната имала изложба во Скопје во 1926 година. Викановиќ била усто учител на некои од најпознатите Македонски сликари како Љубомир Белогаски и Вангел Коџоман.

Свети Јован Канео , Охрид 1926, масло на платно.
Свети Јован Канео , Охрид 1926, масло на платно.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не