Малку познат француски сликар. Бил професор по цртање во гимназијата во Бордо (Lycée de Bordeaux). Студирал на познатото Школо за ликовни уметности во Париз (l’école des Beaux-Arts de la rue Bonaparte à Paris) кај познатиот сликар Кормон. За време на неговиот престој во Париз, бил уличен цртач на портрети за да сѝ го плати своето школување на скапото Школо.
На интернет се наоѓаат неколку масла на платно и акварели потпишано „Андре Видал“ од Егејска Македонија, нацртани околу 1915-20 година. Најверојатно Видал бил војник во Армијата на Ориентот за време на Првата светска војна и ги посетил Лерин и Воден. Едно особено убаво масло на платно е насловено „Село Буф, крај Лерин“ е понудено на продажба од француската галерија Patrick Boutillier (адреса: 27 avenue de la gare, Saint-Sébastien 23160 , France)
Извор на информации: