Роден на 3 јануари 1905 година. во Кукуш, Егејска Македонија, починал во 1961 во Софија, Бугарија. Дипломирал на Академијата за уметности во Софија, Бугарија кај проф. Никола Ганушев и проф. Димитар Гуџенов. Бил воен сликар за време на Втората светска војна во Македонија каде што изработува серија на акварели од Охрид, Прилеп, Битола, Велес и Скопје (акварелите беа понудени на продажба од аукциската куќа Викториа од Софија во 2019 година). Учествувал на општите изложби на Сојузот на бугарски уметници. Бил долгогодишен наставник по сликарство.
Извор на информации и фотографии:
https://gallery-victoria.com/avtori/single/strahil-titirinov-80