Родена на 18.12.1887 во Кале, живеела и работела во Париз. Била студент на Хумберт и Шарл Фукре, како и на Националната Школа за Ликовни Уметности во Париз. Изложувала во Салонот на Француски Артисти од 1911 година. Била под големо влијание на стилот на Шарл Фукре и сликала воглавно историски сцени. Од 1921 започнува со патување, претежно низ Северна Африка, но исто како и Шарл Фукре, ја посетила и Отиманската Империја.

Во нејзината кариера, беше најмена да ги декорира Гувернерската Палата на Дакар, Туниската палата и Музејот на колонии, каде што изложуваше во 1931 година.

Gо посетува Солун околу 1930 година, каде прави неколку слики. Една маслена слика “Акрополата во Солун„, продадена од аукциската куќа  Machoir-Bailly, Версај, Франција на 17.06.1992 (обј. Број 108). Друга со наслов Fontaine a Yeni-Koulé-Salonique го продава аукциската куќа Artcurial France на 12.05.2015 година (лот број 27). Неколку нејзини солунски дела се исто така во колекцијата на Музејот на уметност Данеш, Њујорк, САД.

Фонтана Јену-Куле Солун, гваж
Фонтана Јену-Куле Солун, гваж
Кротител на мечка во Солун, гваж
Кротител на мечка во Солун, гваж

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не