Роден на 10.03.1882 година во Приједор, починал на 05.12.1931 година во Сараево. Еден е од пионерите на почетокот на 20 век во Босанското сликарство во рамките на европскиот стил и се смета за еден од најзначајните уметници во акварел во западна Европа. Започнал со студии на уметност на 16-годишна возраст во училиштето Ристо Вукановиќ во Белград, а подоцна продолжил на Уметничката академија во Виена под раководство на Паја Јовановиќ. После тоа тој се стекнал со стипендија во Прашката уметничка академија. Во 1911 година тој отвори приватно училиште за уметност во Сараево, прво од ваков вид во Босна и Херцеговина. Работел како учител во гимназијата Тузла и во Првата машка гимназија во Сараево.

На почетокот од Првата Светска војна волунтира во Српската армија и оди на Косово и Македонија. Во Куманово, креира циклус на 26 слики кои биле изложени во Белград и добиваат голем успех. Престојот во јужните краишта остава траен белег на неговиот стил  и колорна палета. Швракиќ го посетува Скопје околу 1920 година, каде што направил серија акварели од сцените на град Скопје, кои подоцна беа репродуцирани како разгледници од Србија.

Куршумли Ан, скопје, акварен на разгледница
Куршумли Ан, скопје, акварен на разгледница

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не