Роден и починат во Загреб, Свечњак се смета за еден од најважните Хрватски уметници. Се запишал на Ликовната Академија во 1927 на отсек вајарство под водство на Иван Мештровиќ. Рудолф Владец и Иво Кердиќ. Во овој период го прифаќа Марксизмот како идеологија и станува активен член на Комунистичката партија. Оваа политичка активност го доведува во конфликт со властите и е повеќекратно уапсен. Во 1929 оди на Сликарскиот отсек кај професорите Владимир Бециќ, Томислав Кризман и други. До 1933та ги продолжува своите левичарски активности.. Во 1933 оди на студиско патување во Париз каде што станува близок пријател на Мирослав Крлежа. За време на Втората Светска Војна, бил партизан и се криел од нацистите. Во 1943 е осуден на смрт од нацистите и се крие во Италија. После војната, станува проминентен Југословенски сликар со голем број меѓународни изложби.
Свечњак ја посетил Македонија по ослободувањето, некаде околу 1948ма година кога ги насликал маслата на платно “Скопје„ и “Самоилова Тврдина во Охрид„ кои се денес во уметничката колекција на Штросмајеровата Галеријата на Стари Мајстори во Загреб.