Роден и починат во Нови Сад, Српски сликар од покраината Војводина. Студирал сликарство во Нови Сад а подоцна и на Ликовната Академија во Белград (1932-36), на отсекот Ликовни учители. Живеел и работел во Париз во 1938/39 година после што се враќа во Нови Сад. Изработил неколку цртежи од Охрид, Струга и Кратово во 1930тите години. Убиен е од нацистите за времето на Втората Светска Војна на 28 годична возраст.

Неколку дела на Богдан Шупут од неговите Македонски посети се продадени од аукционерските куќи Madl’Art од Белград на 7 Декември 2009 и аукциската куќа Бином во Белград. Исто така акварелот “Кратово 1936„ е продадено од аукциската куќа Madl’Art од Белград во Ноември 2010 (објект број 226)

Кратово 1936, акварел
Кратово 1936, акварел
Улици во Охрид и Струга 1935, мастило и молив
Улици во Охрид и Струга 1935, мастило и молив
Улици во Охрид и Струга 1935, мастило и молив
Улици во Охрид и Струга 1935, мастило и молив

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не