Јакоб Штајнхард (1887-1968) бил сликар и дрворезец, кој работел претежно со дрворезни гравури кои претставувале библиски и други Еврејски сцени. Роден е во Зерков, Германија но емигрирал во Израел во 1933. Студирал на Ликовното Училиште во Берлин во 1906, а потоа студирал кај Луј Коринт и гравирање кај Херман Струк во 1907. Од 1908 до 1910 патувал во Париз каде соработувал со Хенри Матис и Теофил Штајнлер. Патувал студиски и во Италија во 1911.
Кога започнала Првата Светска Војна, се пријавува во Германската армија и служи војска на Источниот фронт, Полска и Литванија а потоа и во Македонија. Изработил неколку одпечатоци од дрво со воени сцени од Македонскиот фронт. По војната, се враќа во Берлин и во 1922ра година се оженува со Мини Гумперт. Учествува во сликарското движење Нова Сецесија и ја формирал групата Патетикер.