Роден на 16.02.1887 во село Шипка, Бугарија, починал на 17.01.1963 во Минхен, Германија. Студирал сликарство во 1911 на Софиската Ликовна Академија во класата на професор Иван Мрквичка. Специјализирал по сликарство во Германија во периодот 1925-27 и во Франција во 1926. Бил исклучително продуцктивен сликар, организирал повеќе од 40 изложби. Најчесто сликал фигуративни композиции и пејсажи, меќу кои најпознати му се оне од околината на Шипка. Неговите дела се наоѓаат во Националната Галерија во Стара Загора и Софија.
Станјо Стаматов бил офоцијален воен сликар за време на Првата Светска Војна и патувал темелно низ Македонија во периодот 1915-1918. Во Јануари 2010 уметничката галерија Викторија во Софија организираше изложба на неговите воени Македонски акварели. Стаматов ја посетува Македонија исто и во Втората Светска Војна каде што продуцира најмалку една слика – Црквата Свети Наум во Охрид 1942 продадена од аукциската куќа Викторија во Софија. Неколку Македонски акварели се во колекцијата на авторот на лексиконов.