Лојзе Спацал (1907-2000), Италианец / Словенец

Роден во Трст, Италиански сликар и член на Словенската заедница во Италија. Во 1930та бил уапсен поради анти-фашизам и протеран во Ацетура. За време на неговите години во егзил, го открива својот сликарски талент. Во 1934та дипломира на Уметничката Школа во Венеција. За време на Втората Светска Војна учествува во анти-фашистичкото движење и борба. По војната добива низа на награди на Биеналето во Венеција и Љубљана. Во 1974 ја добива највисоката уметничка награда во Словенија. Денеска има музеј посветен на неговиот живот и дело во Штањел.

Лојзе Спацал ја посетува Македонија 1950ти години каде што е член во комитетот за проучување на Македонското културно наследство. Неговиот шофер го носел на значајните Македонски манастири и цркви од кои Спацал бил воодушевен. Подоцна Спацал вели дека Македонската импресија му помогнала повторно да го открие Карст (Крас на словенечки – предел за кој Спацал посветува големо уметничко внимание).

 

 

Ромско маало во Скопје, 1956, дрвопис во боја
Ромско маало во Скопје, 1956, дрвопис во боја

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не