Роден во Звикау, Германија во 1884, починал во Валеј котиџ, Нујорк, САД во 1973. Студирал на Кралската Ликовна Академија во Дрезден. На академијата станува добар пријател на Макс Пехштајн. Добитник е на неколку ликовни награди: сребрен медал во 1912, Голема Награда на Рим 1913 итн. Има студиски патувања во Париз 1908, Рим и Фиренца 1909 и Холандија 1913. Во 1921 бил учител по сликарство на Ликовната Академија во Дрезден и бил познат како еден од најдобрите сликари на портрети во Дрезденскиот џет-сет. Заминува за САД во 1924 каде што основа студио во Бруклин Хајтс, Њујорк. Кога пристигнал во САД бил веќе познат како водечки муралист (вклучувајќи ги и муралите во Охајо и Синсинати во 1932) и креирал мозаици како и композиции од стакло за црквите, синагогите и јавните згради во 19 Американски држави. Ги креирал и главните мозаици во катедралата во Сент Луис и мозаиците во јавните згради во Колумбус, Охајо.
Во колекцијата на Американскиот Смитсониан Музеј на Уметност во Вашингтон ДЦ, постои масло на платно насловено “ Ориентална Кафана, Ушкуб, Јужна Македонија„ – која е интериорна сцена со три седечки машки фигури кои пушат на маса пред светол прозорец. Оваа слика е фотографирана во книгата од Петер Х. Фалк “Рудолф Шефлер 1884-1973„ од издавачот Madison, CT, Sound View Press 1989.