Теодор Рочол е можеби најпознатиот Германски воен сликар. Роден е во Сашенберг во 1854, починал во улична сообраќајна несреќа во Дизелдорф во 1933. Бил студент во Минхен во 1877 а потоа на Дрезденската Академија. После една година студирање, се сели во Минхен каде што студира историско сликарство кај Карл фон Пилоти. Ги завршува ликовните студии во Дизелдорфската Академија каде што развива интерес за воено сликарство под влијание на Вилхелм Кампхаузен. Неговите современици во ова поле биле Карл Рошлинг и Рикард Кнотл. Рочол ја набљудува Франко-Руската војна и пследувателните Германски воени маневри во 1883 и 1888. Во 1890, патува за Русија да ги слика маневрите на Германските гардисти . Подоцна во истата декада се поврзува со Турската армија и го покрива конфликтот во Тесалија во 1897 помеѓу Турците и Грците. Неговите скици од овој конфликт се пибликувани една година подоцна. Го покривал исто Боксерското Востание во 1900 како официјален воен сликар на Геманските експедициски единици. Една декада подоцна, го покривал конфликтот помеѓу Турција и Албанија. Повеќето од неговите слики прикажуваат Германски воени сцени, поготово сцени од Франко-Прусиската војна. Во неговите 60ти години станува воен сликар во Првата Светска Војна, и го покривал Западниот фронт. Во неговите “Воени Писма„ печатени во 1916, ги опишува ужасите и уништувањата  на војната. Во 1921 е објавена автобиографија за неговиот живот.

Во книгата “Лексикон на Дизелдорфската Сликарска Школа„ е напишано дека Теодор Рочол ја посетил Македонија и Албанија во 1914 во улога на воен сликар. Една од сликите од тоа време е сликата насловена како “Охридско Езеро – Поградец 1914“ продадена од аукциската куќа  Pluckbaum во Бон, Германија нa 13.03.2010 (објект број 1908).

 

Поградец на Охридско Езеро 1914, масло на платно
Поградец на Охридско Езеро 1914, масло на платно
Поградец на Охридско Езеро 1914, масло на платно
Поградец на Охридско Езеро 1914, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не