Роден и починат во Виена, Австрија. Принc бил сликар на пејсажи и сценски уметник кој што работел на уредувањето на сцената на Виенската Дворска Опера (1912) и во театрите во Минхен, Хамбург и Њујорк.  Го декорирал и Министерството за Внатрешни работи, Виенскиот Градски Музеј и работел за Принцот од Лихтенштајн. Покрај театарска работа, бил активен и како сликар за Австрискиот Армиски Музеј, Виенскиот Градски Музеј и Бугарската Национална Галерија во Софија.

За време на Големата Војна, Карл Лудвиг Принс бил воен сликар кој патувал заедно со Австриската армија во Црна Гора и Македонија. Едно дело од овој период е акварелот “На светите извори во Драма, Македонија 1918„ кој е продаден од аукциската куќа Palais Dorotheum во Виена, Австрија на 19.03.2002 (објект број 283).

На светите извори во Драма, Македонија 1918, акварел.
На светите извори во Драма, Македонија 1918, акварел.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не