Роден во Печух, Унгарија на 26.06.1916, починал во Ријека, Хрватска. Во 1922 емигрира во Самобор, Хрватска а набрзо потоа во Загреб, каде што се запишува на Ликовната Академија. Дипломија во 1940та во класата на Љубо Бабиќ. Неговата прва самостојна изложба била во Ликовниот Павиљон во Загреб во 1940та, пред самиот почеток на војната. Неговите рани дела биле под влијание на пост-импресионизмот и се одликувале со светол и јак колорит. Во истата година е уапсен од усташите и затворен во логорот Даница во близина на Копривница. По ослободувањето во 1943та, оди во партизани каде што заедно со колегата Едо Муртиќ ги изработува легендарните графики за илустрирање на поемана “Јама„ од Иван Горан Ковачиќ.  После војната стилот му станува по реалистичен. Во следните години, стекнува големо исуство од своите студиски патувања во Париз (1948), Индија (1952) и Бразил. Започнувајќи од 1950тите години, Прица се приклонува кон принципите на цртање базирани на хоризонтални и дијагонални оски, каде што формите се потпираат на синтеза од бои и скици кои се по анимирани и по комплексни. Некои негови дела претставуваат таканаречена асоцијативна абстракција, но и покрај тоа Прица останува доследен на фигуративните композиции. Кон крајот на 1970тите и 80тите, Уметност на Прица манифестира ордедени транс-вангардни тенденции.

Златко Прица ја посетува Македонија во 1946тата годниа, каде што ја насликова маслената композиција “Куќи во Охрид, 1946„ која што денес е во приватна колекција на фамилијата на сликарот. Повеќе информации за Златко Прица можат да се најдат на интернет страницата: www.zlatko-prica.com.

Куќи во Охрид, 1946, масло на платно
Куќи во Охрид, 1946, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не