Рене Ферет Прежелан, роден во Перпињан 1877 година, починал во 1968 година. Добро познат карикатурист и илустратор, творец на таканаречената „Мали жени од Париз (petite femme de Paris)“ што неодамна е повторно популарна поради зголоемениот интерест кон т.н. „пинап“ уметност со француски убави дами од 1920-тите години. Бил илустратор на весниците La Caricature, Fantasio, Le Rire, La Baîonnette, Fémina и La Vie parisienne. Во 1905 година доживува успех и слава со својот стрип: “Jo et Josette”, објавен во Qui lit rit . Имал изложби во Salon des Humoristes во Париз. Автор е и на стриповите La Légende de Béquinette (1902), L’Amour en dentelles (1903), Souvenirs d’un fusil de chasse (1949) и Tables de chasse (1952).
За време на Големата војна, бил потпоручник во француската авијација во Армијата на Ориентот стационирана во Самли (Солун, Македонија) и Тасос. Во 1916 година насликал серија на 32 акварели со дневни сцени на авијацијата како и хумористични сцени со македонското население, што подоцна е испечатена како папка со литографии во ограничен тираж од 250 рачно потпишани примероци под името „CROQUIS D’AVIATION EN MACÉDOINE“. Dessins, Croquis & Aquarelles / СКИЦИ ЗА АВИАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА “. Цртежи, скици и акварели ”. Една копија од оваа папка, како и една оригинална акварел од оваа серија со наслов „Ветерот од Вардар (30- Le Vent du Вардар) е во приватната колекција на авторот.
Information: