Никола Петковиќ (1893-1952), Србин / Американец

Роден во 1893 во Инџија, починал во 1952 во Питсбург. Никола Петковиќ бил сликар и свештеник кој живеел во Србија, Македонија,   Црна Гора и САД. Петковиќ е релативно непознал сликар, но од неодамна е откриен од Српските ликовни критичари и споредуван со најдобрите Српски импресионисти (како Надежда Петровиќ). Роден е во богата фамили во Инџија, Србија, но набрзо останува сирак и е згрижен од повеќе старатели. По дипломирањето на гимназијата во Нови Сад во 1911, се сели во Загреб каде што студира правни науки, но неговата сликарска пасија го носи во Виенското ликовно школо каде што учеле некои од најпознатите Европски сликари (како на пример Оскар Кокошка, Густав Климт, итн…). Но почетокот на Балканските војни во 1912та го носат назад во Србија, каде што се пријавува како доброволец во Српската војска.

Помеѓу 1912-1916 работи во Македонија како учител во Охрид. Во Охрид Петковиќ е восхитен од Македонскиот пејсаж и живот, но исто така потпаѓа под влијанието на Охридската духовна сила.Постепено, се одлучува да се посвети на Бога и на цртањето. Во 1916та заминува во Америка каде што станува свештеник во Охајо. Во 1920та се запишува на Карнеги Институтот за Технологија, отсек Сликарство и Декоративни Уметности, во класата на Хубел Хенри Салем. Се решава да се врати назад во Југославија во 1927мата година, каде што останува се до 1934тата година. Во овој период живее во јужна Србија, Црна Гора и Македонија, и ги насликува своите најдобри дела кои што од техничка страна потсетувале многу на стилот на Винсент ван Гог – пејсажи и сцени насликани во стил на шаренолик искршен импресионизам кој е полн со енергија и динамика. Петковиќ ги црта Македонските луѓе и пејсажи. По неговото враќање во Америка, го менува стилот нагло  кон апстрактни и религиозни теми во експресионистички стил.

Македонски селани, масло на картон
Македонски селани, масло на картон
Македонски селани, масло на картон
Македонски селани, масло на картон
Македонски селани, масло на картон
Македонски селани, масло на картон

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не