Роден во Мулхеим на Рур на 6.6.1893 , починал во Весел на 10.10.1963. Го започнува своето ликовно образование во 1912та на Ликовната Академија во Дизелдорф и Веумар. Само по неколку месеци ја напушта академијата во Веимар, каде што учители му биле Фриц Макенсен и албин Егер-Линци заминува на студиско патување во Холандија со Вернер Гилс. Поминува 2 месеци во Париз каде што ги продолжува студиите на познатите школи Académie russe и Académie de la Grande Chaumière. Зе време на Првата Светска Војна е војник на Францускиот Фронт. После војната се враќа во Дизелдорф каде што е основоположник на познатата Германска ликовна група „Junge Rheinland“ (Млада Рајна) заедно со Ото Дикс, Герт Хајнрих Волхеим и Адолф Узарски. Станува еден од најпознатите уметници кај познатиот трговец со уметнички дела Јоха Еу.

Кога Хитлер доаѓа на власт во 1933та, Панкок е прогласен за дегенерички уметник. 56 негови дела биле запленети од музеите а некои и биле вкличени во озлогласената изложба на „Дегенерирана Уметност“ организирана од страна на нацистите во 1937мата година. После војната, Ото Панкок работи како професор (1947-1958) на Ликовната Академија во Дизелдорф. Освен за време на нацизмот , Панкок често патува и ги слика своите патувања.

Делата на Ото Панкок се воглавно големи монохрони слики. Креира исто голем број на графики во дрвен отпечаток и монотип техники. Претежно слика луѓе, животни и пејсажи во реалистичен или експресивен стил фокусирајќи се претежно на ликови од маргините од општеството.  Креира исто околу 200 скулптури од бронза. Помеѓу 1924 и 1933 црта портрети за весникот „Пладне“ од Дизелдорф.

Ото Панкок живеел во Охрид помеѓу 1954 и 1957 година, каде што креира одреден број на отпечатоци од дрво и бронзени скулптури. Бил инспириран од ликовите на Македонците и нивните сцени од секојдневниот живот. Неговиот претстој во Македонија е документиран во мемоарите на неговата ќерка Ева Панкок и неговата сопруга Хилда Панкок. Самата Хилда Панкок започнува со сликарство во Охрид, а потоа станува професионален уметник. Изложба на делата од Македонскиот период е одржана во Музејот на Ото Панкок во 2007ма година.

Дрвениот Отпеќаток со наслов „Пристаниште во Охрид“ продадено од аукциската куќа Карл и Фабер, продадено на 12.05.2018 ( објект број 784) е во колекцијата на авторот на овој лексикон.

Автопортрет во Охрид 1954, дрвен одпечаток
Автопортрет во Охрид 1954, дрвен одпечаток
Ковач од Охрид 1957, бронза
Ковач од Охрид 1957, бронза
Otto Pankok (1893-1966) Пристаниште во Охрид 1955, одпечаток со дрво
Otto Pankok (1893-1966) Пристаниште во Охрид 1955, одпечаток со дрво

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не