Роден на 22.01.1880 во Русе. Дипломирал на Луковното Училиште на Софија, отсек сликартсво во 1905. Учители му биле Ив. Мрквичка, Ј.Весин, Ив. Ангелов. Во периодот 1905-1915 специјализира во графичка техника на Ликовната Академија во Париз кај Хуберт, на Индустриското Ликовно Шкото во Софија и земал и часови кај Ј. Питер (1911-15). Започнал како сликар но постепено се посветува целосно на графиката. Има голем допринос за развојот на графиката во Бугарија, особено во акватинтата во боја, каде што тој бил пионер. Креирал голем број на графики, акватинти, бакрорези, акварели и пастели каде што ги прикажал Бугарските манастири, цркви, куќи ,мостови и пејсаж. Неговите дела имаат големо значење за Бугарската култура затоа што биле прикажани на повеќе од 40 изложби во Европа и Америка. Учествувал во Балканските војни и Првата Светска Војна . Претседавал со Асоцијацијата на Независни Сликари и бил секретар на Домот за Печатење (1931-35).

 

Петар Морозов ја посетува Македонија во 1930тите години. Неколку примери на негови Македонски дела се акватинтите насловени “Македонска Улица„ и “Свети Јован Канео во Охрид„, продадени од аукциската куќа Викторија во Софија на 30.09.2010 и се во колекцијата на авторот на овој лексикон

Улица во Македонија, акватинта во боја 1930
Улица во Македонија, акватинта во боја 1930
Манастирон Св. Јован во Охрид, Македонија, акватинта во боја
Манастирон Св. Јован во Охрид, Македонија, акватинта во боја

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не