Роден на на 01.10.1881 во Опово, починал на 09.05.1926 во Панчево. Во периодот 1900-04 бил учител во Омољница (Банат, Србија). Се школувал на Ликовната Школа во Будимпешта во 1904/5 и во 1905 се запишува на Ликовната Академија во Минхен., каде што дипломира во 1908. Во Првата Светска Војна бил воен сликар и патува со Српската армија во битката на Дрина и на Солунскиот фронт. Милосављевиќ се смета за значаен Српски сликар во периодот на транзиција од импресионизам кон по модерни ликовни форми. Неколку од неговите Македонски слики од Солунскиот фронт беа дел од изложбата “Српски Воени сликари 1912-1918„ во Септември /Октомври 2009 организирана од уметничката галерија Белград.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не