Милица Миливојевиќ (1889 - 1963), Србинка

Милица Милиќ Миливојевиќ. Родена на 29.3.1889 година во Јагодина, Србија. Ќерка на генералот на српскиот, а подоцна и дивизискиот генерал на југословенската армија, Љубомир Милиќ (1861—1949). Откако завршила средно училиште во Белград, студирала сликарство на Уметнички академии во Минхен (1906 до 1911 година), а потоа, до 1914 година, во Париз. За време на Првата светска војна, цело време била во Франција. По враќањето во татковината, таа била назначена за наставник по цртање во средното училиште во Охрид, а од 1924 година во Белград. Во почетокот, Миливојевиќ. претежно сликала портрети, а подоцна подоцна таа се посветила особено на пејзажите од Јужна Србија. Како член на Лада, учествувала на изложбите на тоа здружение, а учествуваше и на 5-та југословенска изложба во Белград.

Благодарност до господин  Синиша Митевски на откривањето на овој уметник и за фотографијата од нејзината слика од Охрид.

Пејсаж крај Охрид 1920, масло на платно
Пејсаж крај Охрид 1920, масло на платно
Охрид во зима 1920, акварел
Охрид во зима 1920, акварел
Охрид 1920, масло на платно
Охрид 1920, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не