Роден на 21.09.1868 во Казанлак, починал на 14.06.1921 во Софија. Дипломирал на Ликовната Академија во Фиренца во 1892 година. Бил професор по цртање во Сливен и Софија. Исто така бил и проефсор по декоративна уметност и стуија на стилови (1901-921) како и директор (1918-1920) на Школото за Индустриски уметности во Софија. Работи во сферите на декоративната уметност. Изложувал во Софија и Фиренца. Монументални дела: Завеста на работничкиот театар во Фиренца (1892), декорацијата на Синодската капела во Софија (1909), стаклото во маузолејот во Плевен (1907), итн. Учествува во декорирањето и муралното сликање на храмот – споменик “Александар Невски„, “ Пенчо Славејков„ во Софија. Награден со сребрен и бронзен медал на Академијата во Фиренца (1892) и добитник на почесна диплома и 4 бронзени медали од Светската Изложба во Сент Луис во 1904.
Борис Михајлов го посетува Охридскиот регион околу 1915-20 година каде што изработува серија на акварели и маслени слики од Охридското крајбрежје и Македонците. Сликата “Охрид„ е продадена од аукциската куќа Викторија од Софија на 03.05.2009 (објект борј 65). Слика насловена “Македонски бегалци„ е во колекцијата на авторот на книгава.