Роден на 06.05.1921 воо Хеерлен, починал на 19.06.1995 во Хаг. Бил самоук сликар. Работел како рудар во рудниците за јаглен во Хеерлен до почетокот на Втората Светска Војна. Посетувал курсови за цртање во ликовното училиште во Хеерлен. Со почетокот на војната, ја избегнал присилната роабота во рудниците за нацистите под изговор дека е сликар а не рудар. После војната, ја организира својата прва изложба во Ситард во 1947ма година. Се сели во Хаг во 1950та каде што посетува ликовно образование на Ликовната Академија во Хаг. Три години подоцна, работи како учител по ликовно образование. Во 1950тите, Менгелс е еден од иницијаторите на значајната Холандска ликовна група наречена “Нова Хашка Школа„, воглавно сочинета од млади сликари кои биле под влијание на Париските модернисти. Во 1960тите години, потпаднува под влијание на Кубизмот и фигуративното сликарство, вајарство и иновации во ликовните техники. Доботник е на голем број на награди и одликувања во 1970тите и 80тите години.
Бер Менгелс ја посетува МАкедонија во 1961вата година како дел од неговата Југословенска турнеја. Во овој период Менгелс постепен навлегува во кубизмот и фигуративната уметност. Еден пример од неговите МАкедонски дела е сликата насловена како “Македонска Девојка„ од 1961, која денес е во колекцијата на авторот на книгава.