Роден во Шабац на 01.03.1885, починал во Белград на 07.04.1969. Бил првиот Српски фото-репортер. Неговите фотографии од  Блаканските војни и Првата Светска Војна имаат бесценета документарна вредност. За време на Балканската војна во 1912, работи како уредник на Американскиот весник  New York Herald  за Европа. Оди на фронтот како воен кореспондент на Српската команда. Неговите репортажи и фотографии биле објавени во главните Европски весници. Са време на Првата Светска Војна ги фотографирал битките на Цер, Колубара и повлекувањето на Српската армија низ Албанија во 1915. Неговите фотографии од овој легендарен Српски марш се објавени во Париз, Лондон и Њујорк. Бил исто така и воен репортер од Солунскиот Фронт. После војната, работи во агенцијата Авала во бирото за надворешни работи. Во 1941 одбива да соработува со нацистите и оди во илегала. Ги направил легендарните фотографии на влегувањето на партизаните во Белград во 1944та година. После војната работел за новинската агенција ТАНЈУГ.

 

Српска коњичка единица влегува во Скопје, Октомври 1912
Српска коњичка единица влегува во Скопје, Октомври 1912
Заробени Турски офицери во Куманово 1912
Заробени Турски офицери во Куманово 1912
Крал Петар и војвода Путник влегуваат во Скопје и Куманово 1912.
Крал Петар и војвода Путник влегуваат во Скопје и Куманово 1912.
Крал Петар и војвода Путник влегуваат во Скопје и Куманово 1912.
Крал Петар и војвода Путник влегуваат во Скопје и Куманово 1912.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не