Роден во Љуботињ крај Цетиње на 27.07.1907, починал во Белград на 13.02.1974. Петар Лубарда е Црногорски Србин кој се смета за еден од највлијателните личности на повоеното Југословенско сликарство. Студирал сликарство во Белград и Париз. Од 1932 до крајот на својот живот , живее и работи во Белград, со исклучок на периодот 1946-1950 каде што работи како професор на Ликовното Школо во Херцег Нови. Неговите дела се инспирирани од Црногорската историја и пејсаж. Добитник е на бројни награди во Европа, Бразил и на Биеналето во Токио.
Петар Лубарда ја посетил Македонија во 1948мата за време на неговат турнеја по Македонските и Српските манастири