Францускиот новелист и илустратор, Пјер Лоти, е познат по неговите сликовити романси кои изобилуваат со описи на егзотичните места кои тој ги посетил во текон на неговиот живот. Роден е како Жулиен Вијод во Рошефорт на 14.01.1850 од Протестантски родители. Иако длабоко религиозен во детството, ја губи својата вера во адолесцентните години. И во неговите подоцнежни пишувања често изражува потреба за нејзиното враќање. Во 1867 по завршувањето на поморските студии, работи најпрво како морнар, па е унапреден во  поручник во 1881 за да ја добие командната позиција во 1898. Поморската кариера го одвела далеку од Франција. Поминува доста време во Левантинските пристаништа на Далечниот Исток. Во текот на своите патувања, Лоти поминува низ голем број на љубовни афери кои му служат како инспирација, со мали промени, за неговите љубовни новели. Така на пример во неговата прва новела која ја објавува анонимно во 1879 под насловот  Aziyade раскажува за љубовните згоди со робинката која ја сретнува во Солун и Истамбул пред 3 години, или пак на пример во книгата Madame Chrysanthème(1887) раскажува за неговите привремен брак со Јапонка од Нагасаки. Меѓутоа неговите најпознати новели се случуваат во Франција. Mon Frère Yves (1885) раскажува за неговиот пријател , Бретонецот Пјер ле Кор и неговиот порок – пиењето, како и приказната како Лоти го спасува од овој порок. Продолжетокот на оваа новела насловен како Pêcheur d’Islande (1886) раскажува за херојствата на Бретонските рибари кои пловеле фо довоте Исландски води и инвните сакани сопруги и девојки кои често пати никогасж повеќе нема да ги видат. Покрај новелите, Лоти пишувал и патописи. Најпознати му се Au Maroc (1890) за неговата посета на Фез во Мароко и  Vers Ispahan (1904) за неговото патување во Персија во 1900. Француската Академија го прогласува Лоти за нејзин член во 1891. Умира на 10.06.1923 во Хандај во Баскија.

Пиер Лоти ја посетува Македонија во 1876та година претежно претстојуваќи во Солун и околината како Поморски офицер. Продуцира серија на скици и цртежи кои ги користи подоцна како илустрации за неговата книга “Фантомот од Ориентот„.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не