Алберт Лемасон е роден на 29 август 1892 година во Сент Марс-ду-Дезер во Лоара-Атлантик. Бил ослободен од воената служба во 1913 година, но потоа бил регрутиран во помошна служба од мај 1917 година до јули 1919 година. Овој период го поминал во Македонија, во Солун и Леринско каде што изработува голем број на цртежи и акварели. Демобилизиран на 30 јуни 1919 година, се вратил дома во Сен Марс-ду-Дезер.
После војната студирал сликарство во Националната школа за ликовни уметности во Париз во 1919 година, придружуван од неговиот брат Пол Лемасон (1897-1971) во 1920 година. Прво земал часови во студиото на сликарот Фернан Кормон (1845 – 1924) од 1920 година, а потоа десет години во работилницата за фрескоживописи на Пол Баудоуин (1844-1931). Во следните дваесет и пет години главно се бави со на црковно фреско сликарство, но продолжува да слика во маслена техника, акварели и молив. Во 1927 година, се оженил со Мари-Луиз Лебон-Десмоти (1902-1991), студентка во студиото на Морис Денис (1870-1943). Живееле во Париз, а подоцна и во Бордо. Починал на 29 мај 1982 година во Бордо.
На почетокот на декември 2020 година, голема колекција од неговите цртежи се појави во продажба на францускиор Ebay. Неколку од овие цртежи се наоѓаат во приватната колекција на авторот.
Информации: