Роден на 29.05.1868 во Линц, починал на 09.10.1933 во Виена. Фридрих Фриц Лах се смета како еден од најдобрите Австриски акварелисти. Бил внук на познатиот Австриски сликар на цветни композиции и мртва природа Андреас Лах. Студирал на Трговското Школо во Линц помеѓу 1882-1885 година а подоцна на Кадетското Школо во Виена. Се до својата 32ра година работи како службеник во Првата Дунавска Парна Навигациона Компанија (ДДСГ) на различни пристаништа на Дунав (Орсова, Земун, Регенсбург). Во 1900 започнува со сликање а веќе во 1916та се здобива со репутација на најважен Австриски акварелист после Рудолф фон алт. За време на својата уметничка кариера, добитник е на голем број на награди и одликувања, како на пример награда на честа на град Виена, почесно граѓанство на град Линц, сребрена медаља за служба на Република Австрија, почесна диплома на фондацијата Албрехт Дурер, итн.
Фриц Лах ја посетува Македонија за времето на Големата Војна. Слика најмалку еден акварел – градска сцена оф Крушево, 1918, која денес е во колекцијата на авторот на книгава.