Роден на 01.05.1916 во Амстердам, познат е како “Последниот Амстердамски Импресионист„. Живеел и работел во Амстердам целиот живот. На 19 годишна возраст, станува член на значајната ликовна група “Свети Лукас„. Кортхалс студирал на Ликовната Академија во Антверпен и бил ученик на познатиот Холандски сликар Мари Хенрик Макензи. После Втората Светска Војна, патува во Швајцарија од каде што прави голем број на студиски патувања кон Париз, Лондон, Италија, Шпанија, Белгија, Грција и Југославија. Станува успешен сликар за календари и картички. Неговиот пост-импресионистички стил потесетува на познатиот Амстердамски импресионист Г.Х.Брајтнер, и му носи голема слава на Холандски и светско ниво.
Јан Кортхалс го посетил Охрид во 1952 година. Акварелот Охрид е продаден од аукциската куќа De Elland во Септември 2010 и е во колекција на авторот на лексиконов.