Тихомир Русев Коџаманов (1892 – 1975), Бугарин

Роден на 21.12.1892 во Габрово, починал на 05.05.1975 во Софија. Дипломиран на Школото за Индустриска Уметност во Софија во 1913, во цласата на проф. Иван Мрквичка. Специализирал сликарство на Ликовната Академија во Виена помеѓу 1923-25 во класата на проф. Јулиус Јунгфирт. Сликар на пејсажи и портрети. Бил ликовен уќител во Видин помеѓу 1919 до 1940 година. Специјализирал во сликање на пејсажи од Дунав. Изложувал на повеќе од 30 изложби во Софија, Варна, Видин, Лом, Плевен, Пловдив и други места. Во 1977мата година во Софија е организирана голема постхумна изложба во негова чест.

 

Тихомир Коџаманов го посетува Охрид во 1943тата година, каде што ја насликува црквата Свети Јован Канео. Оваа слика се наоѓа во приватната колекција на авторот на книгава.

Свети Јован Канео, Охрид, 1943, масло на панел.
Свети Јован Канео, Охрид, 1943, масло на панел.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не