Карол Калај е најзначаен претставник на Словачката фотографија. Роден е во Чадца во северна Словачка. Студирал економија во Братислава. Работи како професионален фотограф од 1945. Работел како фото-репортер, моден, патописен и уметнички фотограф. Соработувал со најпознатите магазини како на пример: GEO Hamburg, Stern Focus, Spiegel итн. Неговите фотографски колекции се објавени во 40-тина книги: Лос Ангелес, Њујорк, Токио, Мексико, Рим и Словачка. Добитник е на УНЕСКО наградата за книгите “Сонот за Словачка„ и “Лос Ангелес„. Основач е на фото агенцијата Bilderberg  во Хамбург и член е на Меѓународната Федерација на Уметнички Фотографи во Швајцарија. Прогласен е за најдобар фотограф во светот во 1992.

Карол Калај ја посетува Македонија во 1958, каде што изработува серија на уметнички фотографии од Охридското езеро од Албанска страна. Фотографија “Албанија, Охридско Езеро 1958„ е продадена од аукциската куќа Villa Grisebach  во Берлин на 24.11.2005 (обj. број 1231).

Албанија Охридско езеро 1958
Албанија Охридско езеро 1958

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не