Француски ориенталист, сликар, илустратор и карикатурист. Роден во Бордо 1884, но се самодекларирал како Парижанец. Патувал низ Ориентот и служел во Француската армија во двете светски војни, за што добил низа воени одликувања. Создал повеќе од 300 уметнички дела кои ги илустрирале борбите на Француската армија. Неговите дела можат да се најдат во Францускиот Воен музеј (Инвалидите), Музејот на Тулон и други Француски музеи.
Режер Ириера ја посетува Македонија, поточно Солун во 1916, каде што креира серија на цртежи. Овие дела денес се во уметничката колекција на Историскиот Центар на Солун.