Роден на 23-03-1879 во Самоков, починал на 07-05-1950 во Софија. Студирал сликарство на Индустриското уметничко школо во Софија , кај проф. Иван Ангелов и проф. Иван Мрквичка. Престојувал и во Минхен. Живеел и работел претежно во Самоков. Најчесто цртал пејсажи, при што формирал препознатлив стил, нагласувајќи ги убавините на планините. Еден е од основачите на ликовниот музеј на Самоков.
Крискарец ја посетил Македонија за време на првата светска војна. Акварелот насловен “Охридски залив 1916„ е продаден од аукциската куќа Victoria во Софија на 09-10-2008 (објект број 11)