Роберт Хјустон е роден во Кибирни, провинција Ајршир на 5ти Јуни 1891. Студирал на Ликовната Школа на Глазгов, каде што бил со-ученик на Гордон Томас. Користел маслена и акварелна техника и цртал најчесто пејсажи и крејбрежни сцени од западниот Британски брег и острова, како и Шкотски езера и фигуративни композиции. Бил исто и познат по неговите акватинти, а исто така дизајнирал и изработил постери за железницата кои се вклопувале во неговото силно чувство на дизајн на користење на солиден колорит. Бил избран како член на Кралското Друштво на Шкотски Сликари и Акварелисти (РСВ) во 1936. Често изложувал во Кралската Академија (6 дела), Кралската Шкотска Академија (8), РСВ (11), Кралскиот Институт на Ликовна Уметност на Глазгов (34). Застапен е исто и во Ликовната Галерија и Музеј на Глазгов.
Роберт Хјустон служел во Британската Армија во Македонија во 1917та и 1918та година. Стациониран бил во Солун, каде што слика значаен број на акварели и цртежи од регионите околу Солун, Дојранското езеро и планината Беласица. Голема колекција од Македонски ликовни дела од овој автор е продадена од страна на аукциската куќа Christie’s во Лондон, на 18ти Мај 2000 (објект број 165). Цртежите биле насловени како: “Близу Дојранското езеро„, “Поглед на Солун од вода„, “Дебренд„, “Ридови„, “Калинова„, “Седес (Серес?)„, “Снег на Хортиак„, “Калинова„, “Планината Беласица„, “Солун„, “Влажен ден во Солун„, “ Езерото и градот Дојран„, “ Патот кон Солун„ и “Фигури во кола и поглед на Солун во далечина„. Цртежите биле претежно потпишани со “Robert Houston” и датирани со 1917 или 1918. Во колекцијата на авторот на овој лексикон се наоѓаат 6 аквареки купени од аукциската куќа Christie’s од Лондон, со пејзажи од Солун, Чугунци ( на Грчки – Μεγάλη Στέρνα) , Калиново ( на Грчки – Σουλτογιανναίικα) и Дојран.